4 најчести митови за е-продавница и вистината за нив 2

 

 

4 најчести митови за е-продавница и вистината за нив 2

 

Рапидниот раст на продажбата преку интернет потикнат од постојаните технолошки промени, преголемото влијание на интернетот, социјалните мрежи дополнително под влијание на принудните промени на навиките на купувачите под притисок на пандемијата со Ковид -19, донесе нова норманлност и во водењето на бизнисот, а тоа е потребата за отварање на онлајн (е-продавница) за секој бизнис. 

Ваквиот развој на настаните резултираше со троцифрен раст во проценти на новоотворени онлајн продавници, но и многу нејаснотии, недоумици и многубројни информации поврзани со нив, особено за претприемачите и бизнисите кои немаат доволно познавање од оваа олбаст.   

 

Мит#1 Е-продавница не е за мојот бизнис 

Мит #2 Онлајн продавница е скапа инвестиција која не можам да си ја дозволам  

Мит # 3 Работењето со онлајн продавница е тешко и бара познавање од програмирање и ИТ вештини 

Мит #4 Доволно е да отворам продавница, продажбите сами ќе си дојдат

 

 

 

81% од купувачите пред донесаување на конечната одлука за купување истражуваат онлајн за продуктот за кој се заинтересирани.

Мит #1 Е-продавница не е за мојот бизнис

Онлајн или е-продавница веќе не е луксуз за бизнисот туку основна потреба на секој сериозен бизнис кој што сака да се престави пред потенцијалните купувачи и да им овозможи избор на најдобрата опција за нив. Истражувањта покажуваат дека 81% од купувачите пред донесаување на конечната одлука за купување истражуваат онлајн за продуктот за кој се заинтересирани.

 

Без разлика дали продавате Б2Б или Б2ц или во која индустрија и кој е вашиот бизнис модел, ваквата статистика покажува дека немањето онлјан е една од причините зашто дел од купувачите ве одминуваат и купуваат кај конкуренцијата.

 

Покрај тоа, со немањето на онлјан продавница, ја пропушата идеалната можност да го преставите вашиот продукт и бизнис пред купувачите, да го издигнете вашиот бренд и имиџ на видливо ниво, да покажете зашто сте подобри од конкуренцијата и да ги привлечете купувачите да купат од вас.

 

Значи со немањето на онлајн продавница пропуштате:

 

·        Отварање на дополнителен канал за продажба кој ќе продава 24/7 и за разлика од традиционалните продавници е со минимални фиксни трошоци неспоредливи со зголемениот профит кој како канал го носи. 

·        Пристап до нови пазари – онлајн продажбата го решава проблемот со ограничувањето на локален пазар кој го имаат традиционалните продавници, и ви овозможува да продавате и надвор од вашето населено место, град, држава.. 

·        Можност да се преставите пред 81% од публиката која го пребрува вашиот производ онлјан пред да го купи 

·        Бесплатен маркетинг и градење на препознатлив бренд 

·        Зголемување на профитот

 

 

 

 
   
   

 

 

Слични објави

Повеќето претприемачи грешат да ги потценат придобивките што каналот за големопродажба може да ги додаде во нивниот бизнис за е-трговија. Прочитајте!