Политика на приватност
Со политиката на приватноста се уредува видот на податоците кои се собираат, начинот на нивното чување, обработка и користење на истите.
Со пристапот на корисникот на www.prodavnici.mk корисникот потврдува дека ги прочитал, разбрал и дека се согласува со сите услови на Политиката за приватност и со начините на користење на апликацијата. Доколку корисникот не се согласува со овие услови, го молиме да не пристапува и да не ја користи оваа апликација.
СОБИРАЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ОД КОРИСНИКОТ
При пристапувањето и интеракцијата на корисникот на нашата веб страна, од корисникот ќе бидат побарани одредени лични податоци неопходни за користење на функционалнсотите на платформата Продавници.мк. Корисникот доброволно ги прифаќа условите за користење на платформата и истовремено доброволно прифаќа да ги достави своите лични податоци во нашата база на податоци а со тоа и потврдува дека самоволно се согласаува со обработката на неговите лични податоци согласно оваа политика. Доколку, корисникот одбие да ги достави своите податоци, нема да може во целост да ги користи функционалностите на нашата платформа.
Со пристапувањето на веб страната на Prodavnici.mk корисникот се согласува дека даваталето на услугата може автоматски да ги собира неговите лични податоци во вид на колачиња со помош на достапните елеткронски алатки.
Обработка на Лични податоци
Вашите податоци ќе бидат чувани и обработувани од економскиот оператор Бест Нет Студио како во функција на сопственик на платформата Продавници.мк. Операторот се обрзува дека ќе ги обработува и чува Вашите лични податоци собрани преку апликацијата во согласност со Законот за заштита на лични податоци и со останатите важечки прописи во РМ. Вашите лични податоци нема да бидат неовластено откриени на трети лица. Истите ќе се чуваат во временски период колку што е потребно за исполнување на целта заради која се собрани. Податоците и информациите што го идентификуваат корисникот, единствено може да бидат откриени на надлежни државни органи, врз основа на нивно барање или одлука засновани на закон.
- Целите за кои ќе се чуваат и обработуваат личните податоци на корисникот се:
- Маркетинг комуникација во врска со услугите, понудите и промоциите на платфорамта Продавници.мк
- Техничка поддршка и комуникација
- Понуда на реклами базирани на вашите интереси, push нотификации, комуникација и понуди за производи и услуги од нас, нашите бизнис соработници, вклучително и комуникација базирана на геолокација;
- Да ги водиме секојдневните бизнис активности како администрација на сајтот, менаџирање на форумот, анализи, заштита од злоупотреби или следење на законите,
ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИТЕ
Безбедноста на податоците е од значителен наш интерес и во таа насока превземаме највисоки мерки на претпазливост Со цел да обезбедиме тајност и заштита на личните податоци за субјектите, применуваме соодветни технички и организациски мерки за заштита од случајно или незаконско уништување на личните податоци, или нивно случајно губење, преправање, неовлaстено откривање или пристап и заштита од какви било незаконски облици на обработка во согласност со Законот за заштита на личните податоци.
Пристапот, преносот и обработка на личните податоци е преку користење на HTTPS протокол, и користење на SSL ( Secure Socket Layer) сертификат за енкриптирање и обезбедување на податоците.
ПИСТАП И ПРОМЕНА НА ВАШИТЕ ПОДАТОЦИ
Можете да пристапите, промените или да ги избришете Вашите податоци кои сте ни ги оставиле преку Вашиот профил со едноставно логирање на Вашиот профил или да ни пишете на нашата меил адреса contact@prodavnici.mk
Вашите податоци се чуваат се додека е активен вашиот профил, по затворањето ан профилот се бришат сите подтоци кои вие доброволно сте ги оставиле .
ПРИВАТНОСТА НА ТРЕТИ СТРАНИ
Оваа Политика за заштита на лични податоци се однесува на користењето и откривањето на податоците кои ние ги собираме од Вас на www.prodavnici.mk . Други веб-сајтови кои може да бидат пристапени преку линкови од нашиот сајт може да имаат сопствени политики за заштита на лични податоци, собирање на податоци, нивна употреба и практики на откривање на податоците. Доколку преку линк на нашиот сајт пристапите до друг веб сајт Ве повикуваме да ги видите политиките за заштита на лични податоци на таа веб страна. Ние не сме одговорни за политиките или практиките на трети лица.
ИЗМЕНА НА ПОЛИТИКАТА НА ПРИВАТНОСТ
Оваа Политика за приватност може да биде изменета во кое било време со објавување на изменетиот текст на Политиката за приватност на оваа апликација. Измените на Политиката за приватност влегуваат во сила веднаш по нивното објавување. На секој корисник паѓа одговорноста периодично да ја прегледа Политиката за приватност и да ги прочита евентуалните измени. Продолжувањето на користењето на нашата апликација од страна на корисникот, по влегувањето во сила на таквите измени, подразбира дека корисникот ги прифаќа условите на изменетата Политика на приватност.
ВАШИТЕ ПРАВА И КОНТАКТ ВО ВРСКА СО ПОЛИТИКАТА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:
- право да бидете информирани за обработката на личните податоци
- право на пристап до личните податоци
- право на исправка и бришење на личните податоци
- право на ограничување на обработката на личните податоци
- право на приговор
За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да не контактирате преку privacy@prodavnici.mk.
Во секое време можете да поднесете барање и до агенцијата за заштита на лични податоци за вашите права.
Што се колачињата (cookies)?
Колачињата (cookies) се мали текстуални датотеки, кои се сместуваат во Вашиот компјутер или мобилен телефон од страна на веб страниците кои ги посетувате. Овие текстуални датотеки можат да бидат прочитани од страна на веб страниците кои ги посетувате и да помогнат во Вашата идентификација кога повторно ќе ја отворите веб страницата. Овие текстуални датотеки можат да бидат „постојани“ или „привремени“.
Каков тип на колачиња може да се користат?
Постојаните колачиња (cookies) -остануваат на Вашиот компјутер и кога ќе го исклучите пребарувачот до датумот на истекување или додека не ги избришете од вашиот пребарувач/уред
Привремените - се бришат штом го затворите интернет пребарувачот.
Колачињата можат да припаѓаат на:
1. Веб страната/домеинот кој го посетувате и
2. Од трети страни/доемини кои не се во сопственост на домеинот кои го користите.
Напомена: prodavnici.mk Не одговара за начинот на користење на колачиањата поставени од трети страни и за истите треба да ја прочитате политиката на користење на колачињата за домеинот на кои припаѓаат
Во однос на целта за кои се користат колачињата можат да бидат:
1. Неопходни – кои се неопходни за функционирање на веб странта и истиот да биде целосно употреблив и без истите не би работела страната.
2. Статистика – се користат да се разбере како корисникот ја користи веб странта и помагаат во собирањето на податоци за метрики како број на посети, стапка на напуштање, сообраќај и сл.
3. Маркетинг - се користат за да се овозможи таргетирао рекламирање и маркетинг на посетителите. Овие податоции се користата за пласирање на релевантни реклами и информации за посетителите.
4. Други - се колачиња кои се собираат за статистички и аналитички причини меѓутоа не се категоризирани сеуште.
Дали може да не дозволам собирање на податоците и да ги избришам истите?
Да, согласно законот за ГДПР секоја веб страна треба при посетата на истата да објави дисклејмер/информација за типот на колачиња кои ги собира и можност за менаџирање кои колачиња ги прифаќате а кои не.
Исто така, преку сетирање на пребарувачите можете да ги сетирате вашите префернции за типот на колачињата кои ги прифаќате како и да ги избришите колачињата кои во моментот се складирани во вашиот уред.
Кои колачиња ги користи Prodavnici.mk
Согласно законската обврска ги објавуваме колачињата кои ги користиме на нашата веб страна, од наша страна и од страна на трети лица , нивниот назив, цел, сопственост и времетраење
Колачиња во сопственост на Prodavnici.mk
Име на колачето |
Поставено од |
Цел |
Времетраењe |
PHPSESSID |
prodavnici.mk |
неопходни |
привремено |
Колачиња поставени на Prodavnici.mk поставени од трети страни:
Име на колачето |
Поставено од |
Цел |
Времетраењe |
_ga |
Google Analytic |
статистика |
2 години |
_fbp |
|
маркетинг |
3 месеци |
За сите дополнителни информации, проблеми и прашања исконтактирајте не на contact@prodavnici.mk