4 чекори кон силна стратегија за е-трговија
Изолацијата поради вирусот COVID-19 ги принуди претприемачите да започнат да размислуваат за создавање решенија за е-трговија и пристапување кон дигиталната деловна мрежа. На овој начин, малите и средни претпријатија можат да ги задржат своите приходи во такви непријатни ситуации и да останат активни каде што нивните клиенти се исто така многу активни потрошувачи.
Е-трговијата расте стабилно веќе некое време. Според истражувањето и проценките, продажбата преку Интернет ќе учествува со повеќе од 22% од глобалната продажба до 2023 година, а веќе во 2020 година имаме раст од 14% во споредба со 2019 година. Иако овие бројки се далеку од доминантни резултати во однос на офлајн продажбата, може да се забележи сериозна прогресија, а најмногу од сè во промената на однесувањето на клиентите кои сè повеќе ја разбираат пристапноста, безбедноста и придобивките од купувањето преку Интернет.
Ако сте меѓу оние кои во минатото сериозно не ги сфаќале придобивките од деловното работење преку Интернет и инвестирале сериозно, сега можеби е време да го сторите тоа. Ако сакате да го зголемите потенцијалот на дигиталната продажба и сеприсутноста на брендот, дигиталниот маркетинг може да ви помогне. Колку е добра супер мрежната продавница ако единствената реклама е билборд надвор од градот?
ЗОШТО Е ВАЖНО ДА БИДЕ ОНЛАЈН
1.Едноставно е
34% од корисниците сакаат модерни сајтови за е-трговија
33% од нив сакаат попустите и новите производи да бидат истакнати на главната страница
26% од нив не сакаат да купат преку мобилен ако сајтот не е прилагоден за мобилни уреди
2.Директно и персонализирано
34% од корисниците велат дека сите прозиводи кои им се испорачани не се убаво покажани на сајтот
92% од нив верува во User-generated содржини отколку на традиционално огласување
3.Ги инспирира другите
81% од корисниците тврдат дека другите купувачи со своите рецензии позитивно влијаат на купувањето
34% е пораст на вредноста на просечната корпа доколку брендот во текот на кампањата прикажува комбинација на фотографии од предходните купувачи
4.Забавно е
9 х повеќе има задоволни купувачи
3 х повеќе е зголемена заработката од купувачот„повратник“
РАЗВОЈ НА РЕШЕНИЕ ЗА Е-КОМЕРЦИЈА
Создавањето нова онлајн продавница „од нула“ може да изгледа застрашувачко на почетокот, но ако имате поддршка од агенцијата и ги следите сите чекори што ги советуваат консултантите, нема да пропуштите добра структура на мрежна продавница, одлична изведба на социјалните мрежи и конверзии.